Бензема ги откри причините за заминувањето во Арабија: Сите муслимани во Мека наоѓаат мир

Францускиот фудбалер Карим Бензема даде интервју за медиумите во Саудиска Арабија и истакна дека животот во муслиманска земја во близина на Мека било најважно кога го напуштил Реал Мадрид.

Многумина беа изненадени кога Бензема една година пред истекот на договорот реши да го напушти Реал Мадрид и да премине во редовите на саудиски Ал Итихад, но сега Французинот објасни зошто го направил тоа.

„Сите муслимани чувствуваат мир во Мека, тоа е извонредно место и јас сум во мир. Саудиска Арабија е муслиманска земја, тие ми приредија топло добредојде, ме пречекаа со раширени раце и почувствував голема љубов“, изјави Бензема и додаде:

„Кога фудбалскиот проект започна во Саудиска Арабија, се чинеше огромен во секој поглед. Сакав да бидам дел од него и да помогнам фудбалот да напредува во оваа земја“.

Бензема во ниту еден момент од интервјуто не зборува за парите како главна причина за промена на фудбалската средина, но како и Кристијано Роналдо уверува дека квалитетот на првенството таму е многу висок.

„Луѓето овде се многу страсни и јас сум задоволен од нивото на фудбал што се игра овде. Во Европа не можевме да гледаме многу фудбалски натпревари од Саудиска Арабија, сега можеме и тоа е одлично“, додаде францускиот напаѓач, кој од Мадрид носи само најубави спомени.

„Многу сум среќен и горд на сѐ што направив во Реал Мадрид, но мислам дека е време да пробам нешто ново во мојот живот бидејќи освоив сѐ со кралскиот клуб“, изјави Бензема.

URL
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе