УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Бензема го уништи сонот на Мбапе и го престигна Ди Стефано во голови

Благодарение на брзиот хет-трик на Карим Бензема, Реал Мадрид го исфрли ПСЖ од Лигата на шампионите уништувајќи уште една сезона за амбиционизните „Светци“.

Пари Сен-Жермен допатува во Мадрид со предност од 1:0 од првиот натпревар и беше на добар пат да го задржи водството. Реал имаше повеќе од поседот, но парижаните беа тие кои создаваа шанси. При една таква прилика во 39. минута кога Нејмар го проигра Килјан Мбапе, овој ја искористи нерешителноста на Дејвид Алаба и лошата поставеност на Тибо Куртоа, па ја затресе домашната мрежа носејќи навидум недостижна предност од вкупни 0:2.

Како што течеше времето се чинеше дека Реал е во безизлезна ситуација. Мбапе постигна уште два гола од кои првиот со мајсторски дриглинг, но двата му беа оправдано поништени поради офсајд.

Во 61. минута француската одбрана, најслабиот дел од овој ѕвезден состав, го стави во незавидна ситуација голманот Џиџи Донарума кој во обид да избегне да му биде одземена токата лошо подаде, Винусиус Жуниор веднаш врати до Карим Бензема кој израмни на 1:1.

Потоа во 76. и 78. минута Бензема постигна два еден по друг гола и не само што ја надокнади предноста на ПСЖ, туку и го донесе Реал во водство од вкупни 3:2.

До крајот Реал ја сочува предноста и отпатува во четвртфиналето, рушејќи го сонот на ПСЖ и младиот Мбапе кои имаат уште една разочарувачка сезона во европската елита.

Рекорди

Синоќешните три гола Бензема ги постигна со 34 години и 80 дена, со што стана најстариот играч кој постигнал хет-трик во историјата на Лигата на шампионите, надминувајќи го рекордот на неговиот сонародник Оливје Жиру од декември 2020 година, кога постигна 4 гола.

URL

Исто така, со овие три гола стана третиот најдобар стрелец во историјата на Реал Мадрид со 309 гола, надминувајќи го легендарниот Алфредо Ди Стефано кој има 308. Сега на ред е второпласираниот Раул Гонсалес кој му бега за 14 гола. Кристијано Роналдо е недопирлив со 450 гола во Реал Мадрид.

URL
реклама

Што му предвидува неделниот хороскоп од 16 до 22 јуни на вашиот знак?

Read more

Објавени фотографии од маскираниот убиец по кој се трага во САД

Read more

Доларот падна на најниско ниво во последните три години

Read more

Четири суплементи кои луѓето со висок притисок треба да ги избегнуваат

Read more

Фудбал

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Read more

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Read more

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Read more

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Никола Јокиќ одмара во село со помалку од 100 жители

Читај повеќе

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе
  • play_arrow

Иван Ракитиќ под истрага за мултимилионска измама, тврдат Шпанците

Читај повеќе

Бомба од „Чизмата“: Кевин Де Брујне потпишува за Наполи!

Читај повеќе

Бразил со Анчелоти сруши уште еден мундијалски рекорд

Читај повеќе