СЕРИЈА А 2022/2023

Берлускони под притисок: Падна Јуве, каде е автобусот со проститутки?

Претседателот на Монца, Силвио Берлускони, со шеговит тон рече дека веќе примил стотина повици во кои од него се барало да го исполни ветувањето дадено кон играчите дека доколку победат некој од големите клубови ќе им донесе автобус полн со проститутки.

Монца синоќа на гостински терен среде Торино го шлагираше Јувентус победувајќи го со 2:0, а по големата победа на социјалните мрежи веднаш се актуелизираше необичното ветување на контроверзниот Берлускони дадено во декември кога им вети стимулативна прослава.

„На играчите им дадов дополнителна мотивација велејќи им дека, доколку победиме против Милан, Јувентус или некој од поголемите клубови, во соблекувалната ќе им испратам автобус полн со проститутки“, рече тогаш Берлускони смеејќи ги сите присутни.

Согласно таквата изјава, по синоќешната победа над Јуве италијанските новинари го побараа првиот човек на Монца и го прашаа дали ќе си го одржи ветувањето.

„Веќе добив 100 повици во кои се бара од мене да си го одржам зборот“, рекол Берлускони, објави La Repubblica.

URL

И ПР службата на Монца имаше проблеми морајќи да се занимава со оваа тема, па по победата над Јуве објавија симптоматична фотографија на социјалните мрежи од клупскиот автобус како оди кон соблекувалните.

URL

Головите за Монца синоќа ги постигнаа Патрик Чуриа во 18-тата и Дани Мота во 39. минута, а претходно во 10-тата ВАР му го поништи водечкиот гол на Џанлука Капрари поради одсајд. Популарните „Брианцоли“ сега имаат 25 бодови и се позиционирани на 11. место во Серија А, пред Фиорентина и Јувентус. За Монца ова е дебитантска сезона во италијанската елита.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе