Соопштение од Министерството за транспорт и врски

„Беса транс“ вршеле злоупотреба на извод од лиценца од друго возило и свесно го прекршувале Законот

Броевите на изводи на лиценци евидентирани во Царинската управа при влез и излез и со кои што се шпекулира во јавноста, во ниту еден случај не се во сопственост на опожарениот автобус на превозникот „Беса Транс“.

Тоа подразбира дека превозникот вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило и лиценца од фирмата и со тоа свесно ги прекршувал одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Како превозникот вршел влез и излез од земјата, од Министерството за транспорт и врски, посочуваат дека тие не се орган кој што има надлежност да контролира и дека овие информации треба да ги докажат меѓународните и домашните истражни органи.

За опожарениот автобус превозникот „Беса транс“ немал извадено извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници и овој автобус не е евидентиран во електронската база на Министерството за транспорт и врски.

– За да појасниме, бројот 007017 е број на лиценца на превозникот Беса Транс БТБ за вршење на меѓународен превоз на патници. Бројот 22679, со кој што шпекулираат одредени медиуми, а кој бил користен од опожарениот автобус при излез од земјата, е број на извод од лиценца на друго возило, со други регистарски таблички, исто така сопственост на превозникот Беса Транс, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Министерството за транспорт и врски, во соопштението, најостро ги демантира шпекулациите што ги објавуваат одредени медиуми, и посочува дека веќе неколку пати информирале дека опожарениот автобус кој учествуваше во сообраќајната несреќа во Република Бугарија, не е пријавен од сопственикот во електронската база на податоци на Министерството, а со тоа не побарал извод од лиценца за ова возило.

– Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај член 11 став 1, се вели дека превозникот може да започне да врши превоз на патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај, откако ќе добие лиценца за фирмата и извод од лиценца за моторно возило. Поради тоа, веќе информиравме дека Министерството за транспорт и врски ја одзеде лиценцата на вршење на дејност на превозникот Беса Транс БТБ, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски. 

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе