Бесценето: Моментот кога Меси ја доби Златната топка

По рекорден шести пат, Лионел Меси ја освои Златната топка за Најдобар фудбалер.

Во анкетата на францускиот неделник France Football за 2019 година, напаѓачот на Барселона со 686 поени го победи одбранбениот играч на Ливерпул Вирхил ван Дајк кој заврши на второто место со 679 поени.

Меси веќе го доби трофејот во 2009, 2010, 2011, 2012 и 2015 година, а сега го наследува од Лука Модриќ.

Моментот кога беше соопштено неговото име на синоќешната свеченост беше бесценет и ја покажа уште еднаш скромноста на аргентинскиот фудбалски генијалец:

Меси цел ден беше во центарот на вниманието и се навестуваше дека тој ќе биде број 1.

Вчера се појави слика со наводните резултати, според кои тој навистина беше на врвот. Сепак, тие се покажа невистинити, бидејќи позициите на другите играчи не се совпаѓаат.

Најголемиот ривал на Лео во последните 10 години, Кристијано Роналдо кој сега игра во Јувентус, заврши на третото место со 476 поени. Португалецот не присуствуваше на церемонијата во Париз, туку одлучи да остане во Италија за доделувањето на Калчо наградите.

Ова е втор случај за 14 години и прв од 2010 година, Роналдо да не се најде на една од првите две позиции. Роналдо го освои трофејот во 2008, 2013, 2014, 2016 и 2017 година. Во 2007 загуби од Кака, во 2009, 2011, 2012, 2015 година прв беше Меси, додека во 2018 година Лука Модриќ беше пред Португалецот. Во 2010 година, Роналдо го зазеде шестото место.

Ван Дајк ги коментираше резултатите од гласањето за Златната топка.

„Меси е извонреден играч, прекрасен, фантастичен. Тој победи по шести пат. Бев многу блиску до трофејот, но сепак, тој беше малку подобар од мене. Горд сум на она што го направив минатата сезона. Никогаш не помислив дека можам да ја освојам Златната топка. Имам сосема друга кариера, но никогаш не се откажав од соништата. Да се ​​биде тука е голема чест за мене“, напиша Холанѓанецот на Twitter.

Златната топка (Ballon d'Or) се доделува секоја година од 1956 година на најдобриот фудбалер на годината.

реклама

Полната Месечина почнува денес: Што ќе му донесе на секој хороскопски знак?

Read more

Времеплов: Каде е, што прави најубавата собирачка на топчиња?

Read more

Експресен одговор за Навални од Кремљ

Read more

Три генерации дизајнери споделија: Како се калеше македонската мода?

Read more

Фудбал

Пандев нема да игра викендов, одложен натпреварот со Торино

Read more

Клоп пред мечот со Арсенал: Не можеме да ги игнорираме околностите

Read more

Денеска сите очи вперени кон Женева: Жрепка за Лига на шампиони

Read more

Милер е најтрофејниот Германец во историјата на фудбалот

Read more

Спорт

Пандев нема да игра викендов, одложен натпреварот со Торино

Читај повеќе

Клоп пред мечот со Арсенал: Не можеме да ги игнорираме околностите

Читај повеќе

В недела ќе се трча 16. WizzAir скопски маратон

Читај повеќе

Денеска сите очи вперени кон Женева: Жрепка за Лига на шампиони

Читај повеќе

Милер е најтрофејниот Германец во историјата на фудбалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто системот на позајмици на Челси функционира?

Читај повеќе
  • play_arrow

Нокаут за Мајами, Лејкерс доминираа на паркетот

Читај повеќе
  • play_arrow

Баерн по осми пат го освои германскиот Суперкуп

Читај повеќе

Вимблдон ќе се одржи во 2021 година без гледачи

Читај повеќе