Бесими: Државата има доволно средства за петтиот пакет економски мерки

Претпријатијата и во наредниот период можат да очекуваат помош од државата, а 100-те милиони евра што треба да стигнат се токму за поволни кредити во приватниот сектор што беа спомнати во четвртиот пакет на економски мерки за справување со ковид-кризата, порача вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими.

-Владата има предвидено 50 милиони евра во Буџетот за ковид програмата и овие средства се повеќе од доволни за да се реализира петтиот пакет мерки во делот на платите за февруари и март, но и за другите инструменти што се преку Развојната банка како што се поволните бескаматни кредити со 12-месечен грејс период, рече Бесими во интервју за ТВ Сител и додаде дека од вкупно 160-те милиони евра за петитот пакет, 50 милиони се буџетски средства што веќе се предвидени.

Тој нагласи дека во Буџетот има средства и тој е ликвиден.

-Овој период е добро планиран, а добра е и реализацијата во делот на приходите чија реализација е 99 отсто. Ликвидноста на Буџетот апсолутно не е доведена во прашање и сега засега е во добра кондиција и во однос на плати и во однос на стопанството. Нема ниту потреба, ниту место за шпекулации зашто фактите зборуваат дека даночните приходи од јануари до 15 март се за 4,1 отсто поголеми отколку во истиот период лани, вкупните приходи за 3,3 отсто, а зголемување имаат и приходите од придонеси и ДДВ и се поголеми од периодот кога немаше криза, појасни Бесими.

Сепак, нагласи, при креирањето на Буџетот имавме две сценарија, едното е базично и оптимистичко и предвидува раст од 4,1 отсто, а другото е песимистичко доколку се влоши состојбата со пандемијата и тоа предвидува да има раст од 2,1 отсто.

-Сега за сега бројките се добри и покажува дека ќе се постигне базичното сценарио, но тоа многу ќе зависи од тоа како во иднина ќе се развие состојбата со COVID-19. Ребаланс секако се планира кон средина на годинава и со него ќе се адаптира и приходната и расходната страна во зависност од импактот што ќе го има здравствената криза на економијата и какви ќе бидат потребите за нови мерки, потенцира Бесими.

Најави дека од ЕИБ и во наредниот период може да се очекува поддршка за реализација на идните развојни инфраструктурни проекти, но и за стопанството и посочи дека тоа е договорено на неодамнешните средбите што ги имаше во Луксембург со раководството на Европската инвестициска банка заедно со премиерот Заев. 

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Read more

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Read more

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе
  • play_arrow

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе