Бесими уверува дека еврообврзницата нема да нѐ чини поскапо од онаа што не беше издадена

Министерот за финансии Фатмир Бесими уверува дека новата еврообврзница нема да нѐ чини поскапо од онаа што не беше издадена поради административните процедури, односно поради тоа што се чекаше потпис од новиот министер за правда. Со цел да не се повтори истата ситуација, Бесими најавува законски измени.

– Во услови на инфлација што од октомври наваму, минатата година беше 19,8% и секој месец намалуваме, за да последното биде 16,7% - сепак реалната каматна стапка од 6,9% во однос на последната 16,9% значи е минус. Ќе имаме интервенции во законот за наредниот период за да може да има флексибилност во тој дел. Инаку не сакавме во ниту еден случај да оставиме било каква дилема за различно толкување за тоа кој, како и дали можел да го потпише тој документ, изјави денеска Бесими.

Аукцијата за издавање на еврообврзницата се одржа на 6 март, а Министерството за финансии соопшти дека поминала успешно со четирипати повисок интерес од страна на инвеститорите во однос на понудата.

– Преку аукцијата се обезбедија 500 милиони евра по купонска камата од 6,96%, додека дополнително 100 милиони евра се обезбедуваат од инструментот за макрофинансиска поддршка на Европската комисија, по каматна стапка од приближно 3%, соопшти тогаш Министерството за финансии.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе