Нов ден, нова бесплатна игра на Epic Games Store. На денешното мени е Enacased.
Влеговме во втората половина од празничната игра на Epic Games Store, а компанијата подготви уште еден RPG наслов поставен во алтернативно минато.
Заплетот на играта Encased е сместен во текот на 70-тите години на минатиот век, односно во алтернативна временска рамка во која во пустината е пронајден необјаснив артефакт - купола што зафаќа површина од околу 30.000 квадратни километри – чие истражување доведе до крајот на Студената војна. По обединувањето на човештвото, создаден е CRONUS, мегакорпорација посветена на откривање на тајните и технологиите под куполата. Меѓутоа, проблемот со оваа мистериозна структура е што кога еднаш ќе влезете во неа, нема излез.
Доколку го сакате Fallout, Encased е вистинската игра за вас, па не се сомневаме дека со неа ќе поминете часови и часови од вашето слободно време.