Биелса е новиот селектор на Уругвај

Макфакс/Кајгана
/ 12.05.2023 / 11:37

Аргентинецот Марсело Биелса (67) ќе го преземе кормилото на фудбалската репрезентација на Уругвај. Националниот тим на Уругвај ќе го води најмалку до Светското првенство во 2026 година, соопшти Уругвајската фудбалска асоцијација (АУФ). Биелса и АУФ постигнаа договор, а единствено што недостасува е неговиот потпис на договорот.

„Постигнавме договор, разликите во формулацијата се испеглаа и останува само потпишувањето на договорот“, потврди членот на Извршниот одбор на АУФ, Хорхе Касалес.

На кормилото на поранешните светски шампиони (1930, 1950), Биелса ќе го наследи Уругваецот Диего Алонсо, кој ги напушти „Ла Селесте“ по елиминацијата во групната фаза на Мундијалот во Катар. Во меѓувреме в.д. селектор беше Марсело Броли.

Уругвај ќе биде третата репрезентација која во кариерата ќе ја предводи популарниот Ел Локо. Тој ја водеше Аргентина од 1998 до 2004 година, па Чиле од 2007 до 2011 година.

Неговата последна работа беше во Лидс Јунајтед, кој го тренираше од 2018 до февруари 2022 година, и му беше тренер на нашиот Езѓан Алиоски. Во текот на кариерата раководеше и со голем број клубови, меѓу кои Њуел'с Олд Бојс, Атлас, Америка, Велес Сарсфилд, Еспањол, Атлетик Билбао, Олимпик Марсеј, Лацио, Лил…

Биелса би требало да дебитира на клупата на Уругвај во јуни, на пријателските натпревари против Никарагва и Куба. Јужноамериканските квалификации за Светското првенство 2026 ќе започнат во септември кога Уругвај прво го пречекува Чиле, а потоа гостува кај Еквадор.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе