Бил Гејтс и корона: Нападот со биолошко оружје е поопасен од пандемија

Основачот на Microsoft, Бил Гејтс изјави дека светот мора да се подготви не само за нова пандемија, туку и за можни терористички напади со биолошко оружје, кои би можеле да бидат поопасни од ширењето на коронавирусот, пренесе BBC.

Во интервју за сајт на британската невладина организација Policy Exchange, Гејтс изјави дека мора да се потрошат милијарди долари на истражување за епидемиолошката безбедност и на развој на специфични механизми за борбата против заразни болести, со цел да се спротивставиме на нови можни закани.

Тој ја повика СЗО да основа посебна работа група за следење на епидемиолошките ситуации.

Според Гејтс, оваа структура исто така би можела да се подготви за можни напади од биотерористи, разработувајќи сценарија за отстранување од нивните последици.

„За работната група на СЗО за пандемија веројатно ќе бидат потребни околу милијарда долари годишно. Таа ќе ги надгледува и спроведува, како што ги нарекувам јас, „бактериолошките вежби“, изјави Гејтс во интервју со Џереми Хант, поранешен министер за надворешни работи на Велика Британија, кој моментално заседава со комитетот за здравство на британскиот парламент.

„Постојат природни епидемии и епидемии предизвикани со биотероризам“, ја објаснува Гејтс важноста за спречување на заканата од терористички напади со употреба на биолошко оружје.

Според Гејтс, огромните трошоци потребни за борбата против идните пандемии би можеле да донесат корист за човештвото, на пример ослободување од грип и настинки.

„Се надевам дека за 5 години ќе можам да напишам книга со наслов „Подготвени сме за следната пандемија“, но за тоа е потребно да се потрошат милијарда долари на истражување и развој.

Бизнисменот веќе предвиде големи медицински иновации.

„Добрата вест е што со развој и истражувања се дојде до работи потребни за борбата против следната пандемија како поевтинување на вакцините, изградба на големи фабрики, искоренување на грипот и настинките, правење вакцини во форма на лепенки на рака. Ќе бидат неверојатно корисни дури и кога не би имало пандемија“, вели тој.

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс финансира различни медицински проекти, меѓу кои и развој на вакцини против ковид.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе