Бил Гејтс откри што би работел кога би бил сиромашен

Бил Гејтс е еден од најбогатите луѓе на светот. Според податоците на „Forbes“, богатството на основачот на „Microsoft“ е проценето на 89,3 милијарди долари.

Да немал план во животот, немало да стигне до овде, но тврди дека би знаел како да живее и со два долари дневно.

Ако неговата компанија некогаш пропадне, Гејтс вели дека би одгледувал кокошки. Тој е еден од луѓето кои имале прилика да го прошетаат целиот свет и да се запознаат со највлијателните и најмоќните луѓе. Тој исто така се има сретнато и со сиромашните и истакнува дека многу сиромашни семејства почнале подобро да живеат откако почнале да одгледуваат кокошки.

„Тоа е вистинското прашање за речиси една милијарда луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија. Не постои еден точен одговор, секако, и сиромаштијата се разликува во различни краишта на светот, но додека работев на терен со организацијата запознав многу луѓе од сиромашни земји кои одгледуваат кокошки. Научив многу за начинот на кој се работи оваа работа“, напиша Гејтс во неговиот блог пост.

Тој додава дека одгледувањето пилиња е добра инвестиција бидејќи кокошките брзо се размножуваат, а во Западна Африка може да се заработат по пет долари по парче.

Исто така, јајцата се здрав прехранбен продукт за целото семејство и богат извор на протеини.

Организацијата за која зборува е „Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс“ што соработува со хуманитарни организации и им помага на луѓето од најсиромашните делови од светот со тоа што им обезбедуваат живина.

„Многу е важно да им овозможиме на фармерите да купат правилно вакцинирани птици што ќе може да се прилагодат на местото на одгледување. Целта е да им помогнеме на 30% од семејствата во супсахарсска Африка за да имаат подобри услови за одгледување живина.“

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе