Битиќи: Возачките и сообраќајните ќе бидат бесплатни, иселениците нема да плаќаат за патните листови

Вицепремиерот Фатмир Битиќи информира дека на денешната владина седница било донесена одлука возачките и сообраќајните дозволи кои треба предвремено да се сменат да бидат без надомест.

„За сите возачки дозволи задолжено е Министерството за внатрешни работи тие да бидат без надомест“, истакна тој.

Митко Бојмацалиев, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, рече дека бесплатни ќе бидат возачките и сообраќајните дозволи и дека одлуката е веќе потпишана.

Бојмацалиев дополни дека сите вработени во МВР, кои работеле на документите за викендите и празниците, утре на своите сметки ќе добијат уште една плата.

Битиќи пак соопшти дека Владата донела одлука и патните листови за иселениците, кои инаку чинеа 30 евра, да бидат бесплатни.

„Вториот заклучок е поврзан со МНР , а тоа е дека ќе преземе активности за издавањето на патните листови за сите што се надвор тие да биде бесплатни. Дополнително, МНР е задолжено да преземе активности соодветно каде што нема дипломатско-конзуларни претставништва, патните листови да се испраќаат по пошта и тоа да се прави онлајн за да немаат граѓаните дополнителни трошоци“, рече Битиќи.

Битиќи додаде дека во наредниот период ќе се бара решение како да им се надомести на оние граѓани кои платиле за нови документи, а во меѓувреме повторно платиле за предвремено да ги подигнат со новото уставно име.

Според него, тие се дискриминирани.

„Искрено, тие се дискриминирани. Оние кои биле совесни и постапиле согласно законските измени, поднеле на време барања за возачки и патни исправи. Мислам дека треба да се најде начин да им се оддолжиме што биле совесни граѓани. Има одредени работи кои за жал ги забораваме. Бевме во период на ковид криза во која најверојатно издавањето на патни исправи не беше прва нужност. Не знам колку од нашите сограѓани мислеа на патување. Мислам дека првите патни исправи се издавани во јули 2021 година и можеби во овој период требаше поголема медиумска кампања“, додаде Битиќи.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе