Благ пад на бројот на новозаболени од COVID-19

Благо опаѓање на бројот на новозаболени со COVID-19 се забележа во претходното деноноќие, кога беа регистрирани 98 случаи, од вкупно 1.253 тестирања. Надлежните сепак повторно испратија апел граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот.

Според вчерашниот извештај на Министерството за здравство, вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.791. Бројот на оздравени пациенти е 13.184, а на починати е 648.

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.959.

-Во последните 24 часа се направени 1.253 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на COVID-19. Најмногу нови случаи има во Скопје – 17, Куманово – 13, Прилеп – 11, Тетово – 10, Струга – 5, Охрид – 3, Кавадарци – 4, Гостивар – 7, Гевгелија – 7, Кочани – 3, по двајца во Велес, Струмица, Крива Паланка, Виница, Делчево, Свети Николе и Ресен, и по еден во Битола, Пробиштип, Македонски Брод и Берово, соопшти Министерството за здравство.

Во болнички услови починати се две лица, и тоа пациент од Охрид (54г) и пациентка од Радовиш (51г).

Институтот за јавно здравје во текот на вчерашниот ден има регистрирано вкупно 56 оздравени пациенти. Од нив 19 се во Скопје, седум во Куманово, пет во Прилеп, три во Струга, по еден во Битола, Крива Паланка и Радовиш, седум во Гостивар, по тројца во Берово и Делчево и двајца во Свети Николе.

-На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се пет деца и пет мајки позитивни на COVID-19, пет деца и пет мајки суспектни на вирусот, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Скопје останува како град со најмногу заболени лица со COVID-19. Во однос на скопските општини, најмногу новозаболени во текот на вчерашниот ден повторно беа регистрирани во Чаир, а потоа следуваат Гази Баба и Аеродром.

Според податоците на Министерството за здравство, вчера во Чаир беа регистрирани 52 случаи, во Гази Баба 76, Аеродром – 97, Карпош – 68, Центар – 75, Кисела Вода – 55, Ѓорче Петров – 27, Бутел – 35, Шуто Оризари – 12, Студеничани – 10, Сарај – 17, Арачиново – 8, Илинден – 12, Сопиште – 3, Чучер Сандево – 2, Петровец – 4 и Зелениково – 1.

Надлежните испратија апел да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, да се носи маска, да се држи дистанца и да се дезинфицираат рацете. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе