Блер: Одлука на Бајден за повлекување од Авганистан е трагична, опасна и непотребна

Одлуката на американскиот претседател Џо Бајден за повлекување на американските војници од Авганистан поранешниот премиер на Обединетото Кралство, Тони Блер, ја оцени како трагична, опасна и непотребна.

Во контроверзниот коментар на својот сајт за исходот од трагедијата во Авганистан, Блер тврди дека кризата покажала дека Обединетото Кралство ризикува да биде исфрлено во втората лига на глобалните сили.

Во нападот врз Бајден поради ненадејното повлекување на американските војници, Блер пишува дека е очигледно дека одлуката за напуштање на Авганистан не е стратешка, туку политичка.

– Не требаше да го правиме тоа, ние го избравме. Го направивме во согласност со имбецилниот политички слоган за завршување на „вечните војни“, наведе Блер, алудирајќи на слоганот на Бајден што го користеше за време на изборната кампања.

Бајден пред два дена повтори дека со повлекувањето од Авганистан сакал да стави крај на „бескрајните војни“.

– Напуштањето на Авганистан и неговиот народ е трагично, опасно и непотребно, ниту е во нивен, ниту е во наш интерес, истакна поранешниот британски премиер.

– Мораме да ги евакуираме и да им дадеме засолниште на луѓето за кои имаме обврска - Авганистанците кои ни помогнаа и кои беа со нас. Тие имаат право да бараат од нас да бидеме со нив. Не треба да се одредуваат произволни рокови. Имаме морална обврска да останеме додека сите оние на кои тоа им е потребно не бидат евакуирани. Не треба да го правиме тоа неволно, туку со големо чувство за хуманост и одговорност, рече Блер.

Тој додаде дека дури тогаш ќе дојде редот на талибанците.

– По евакуацијата, треба да изработиме начини за справување со талибанците. Треба да видиме како да извршиме максимален притисок врз нив. Ова не е толку едноставно како што изгледа. Изгубивме голема предност, но можеме делумно да ја повратиме. Русија, Кина и Иран ќе гледаат да извлечат корист од сето тоа, заклучи Блер.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Свет

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Read more

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Read more

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Read more

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе