Блинд и Јанг ги продолжија договорите, Ибра и Фелаини на излезна врата

Манчестер Јунајтед реши да им ги продолжи договорите на Ешли Јанг и Дејли Блинд, додека нови договори не им беа понудени на дел од играчите чии договори истекуваат во лето.

Договорите на Ешли Јанг и Дејли Блинд требаше да истечат по крајот на оваа сезона, но клубот реши дека тие ги задоволуваат стандардите на Манчестер Јунајтед, па нивните договори беа продолжени на уште една година.

Ешли Јанг оваа сезона беше стандарден дел од првиот тим на Јунајтед и одигра 26 натпревари, додека Блинд одигра само 15. Сепак, тие добија продолжување на договорите до 2019 година.

Претходно во иста ситуација се најдоа Андер Херера, Хуан Мата и Лук Шо, но и нивните договори беа продолжени, што значи дека сега во тимот останаа само тројца играчи чии договори истекуваат во лето – Златан Ибрахимовиќ, Маруан Фелаини и Мајкл Керик.

Керик најави дека ќе се пензионира по крајот на сезоната, додека на Златан Ибрахимовиќ и Маруан Фелаини им беше соопштено дека можат да почнат да си бараат нови клубови.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе