BMW: Со новите батериски ќелии ја престигнуваме Tesla

Баварскиот производител тврди дека ќе ја преполови цената на батериите за електричните автомобили.

Кој ќе победи во трката за технологија на батерии и исплатлива основа на електрични возила? Денес, Tesla е пред многу производители на автомобили, но „сезоната на лов“ на Tesla започна.

BMW тврди дека веќе ја стигнува и преестигнува Tesla. Шефот на производството на баварскиот производител, Милан Недељковиќ, изјави за Autonews дека BMW е веќе пред Tesla со новите големи батериски ќелии и новата Neue Klasse механичка основа.

Главната причина, како што се наведува, е што BMW со своите нови ќелии ќе ја преполови цената на батериите за електричните автомобили. Новата подобрена литиум-јонска батерија ќе има 30 отсто поголема енергетска ефикасност и брзина на полнење, додека трошоците за производство се само 50 отсто од денешните трошоци.

Новите цилиндрични батерии на BMW имаат дијаметар од 46 милиметри и се слични на лименките за пиво. BMW ќе работи со две различни висини на батерии, едната од 95 милиметри, а другата од 120 милиметри.

Овие батерии имаат помала содржина на кобалт во катодата, додека анодата има повеќе силициум од денешните батерии. Планот е да се користи голем дел од рециклирани материјали и да се намалат емисиите на јаглерод диоксид за 60 проценти во споредба со денешните батерии.

BMW го претстави концептот на својот иден електричен автомобил, Neue Klasse, на Саемот за автомобили во Минхен во септември. Новите механички подлоги на возилото ќе ги намалат трошоците за производство во споредба со денешните автомобили на BMW, кои се изградени на хибридна платформа која може да носи и мотори со внатрешно согорување и електрични мотори.

Neue Klasse претставува и нов дизајн и нов начин на производство на електрични автомобили за BMW. Како што велат од компанијата, тоа ќе биде голем технолошки пробив за BMW.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Авто новости

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more
 

Автомобили

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе