Богатството на Нотр Дам: Што е спасено од пожарот?

Целиот свет го обиколи веста за пожарот на катедралата Нотр Дам во Париз. Нема радио, телевизиска станица, весник и интернет портал каде опожарувањето на ова светско културно наследство не беше вест на денот.

Засега, за среќа, нема настрадани во инцидентот за кој Париското обвинителство веќе отвори истрага, а веќе пристигнуваат донации за обновување на катедралата што ја овековечи Виктор Иго во романот „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“.

Уметничките дела во Нотр Дам веднаш беа евакуирани од катедралата уште кога изби пожарот, благодарение на брзото интервенирање на пожарникаите, Министерството за култура и Градското собрание, и се префрлени во музејот Лувр, соопшти францускиот министер за култура Франк Ристе.

Во нив спаѓаат реликвии како круната од трње за која се верува дека Исус ја носел кога бил распнат, како и туниката на францускиот крал Луј IX од 13. век.

Оваа градба стара 850 години е дом на непроценливо богатство од витражи, музички инструменти, статуи, древни дрворезби и религиозни реликвии – од оргулите со 8.000 цевки до скулптурата „Симнување од крстот“.

“Не станува збор за една реликвија, едно парче стакло, тоа е непроценлива севкупност“, вели Барбара Дрејк Боем, кустос во музејот Метрополитен во Њујорк.

„Тоа е самата душа на Париз, но тоа не е само на луѓето на Франција, туку на целото човештво, тоа е еден од најголемите споменици и најдоброто од цивилизацијата“, додава таа.

Пожарот уништи неколку витражи во Нотр Дам, но најголемиот и најскапоцениот остана недопрен од стихијата.

Во катедралата се наоѓа и дел од крстот на кој бил распнат Исус, како и шајки од распнувањето, но не е потврдено дали го „преживеале“ пожарот.

Меѓу скапоценостите за кои не се знае во каква состојба се сега, се оргулите од 1403 година, статуата на Богородица со дете и десетте камбани на Нотр Дам, од кои најпознатата – Емануел – е тешка 13 тони и била направена во 15. век.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе