Боите на украсите на елката имаат посебно значење: Кои бои се ваши?

Секоја боја симболизира нешто посебно, па оотаму и вашата елка ќе симболизира нешто во зависност од боите на лампионите, лентите или машничките.

Боите на украсите на елката најчесто ги избираме според сопствените преференци и чувства или се грижиме да се вклопат во просторот каде што се наоѓа елката.

Веројатно знаете дека секоја боја со себе носи одредена симболика и дека предизвикува посебни чувства кај луѓето.

Боите можат да предизвикаат појава и развој на одредени чувства кај личноста што ги набљудува, а можат и да зборуваат за сопственикот.

Понекогаш им се припишува магично својство, па се верува дека одредена боја привлекува одредени добри работи во животот.

Зелена боја

Зелената е симбол на животот и новото раѓање, поради што древните народи често ја користеле за време на зимските празници, кога во природата нема таква боја.

Самата елка е зелена, што го разбива зимското сивило.

Зелената често се смета за боја на здравјето и младоста. Покрај елката, зелена боја е и имелата која се користи како украс во различни култури за време на зимските празници.

Оваа боја има смирувачки ефект врз човечките очи и тело.

Црвена боја

Црвената е бојата на животот.

Ако ја погледнеме оваа боја преку библиски симболи, црвената би била симболот на јаболкото што Ева го зела од забранетото дрво. Ја симболизира и крвта Христова, односно неговата жртва за спасение на човечката душа.

Црвената е исто така симбол на здравјето и како таква, често се наоѓа на празничните украси, особено околу Божик.

Таа е и боја на страста, љубовта и моќта, па со црвени украси ги повикувате овие позитивни работи во вашиот живот.

Посветлата нијанса на црвено симболизира љубов, страст, радост, чувствителност, романтика, женственост и сексуалност, додека потемните нијанси претставуваат упорност, стабилност, храброст, волја и лидерство.

Жолта или златна боја

Златната боја го претставува сонцето и неговиот сјај, без кој животот на планетата Земја не би бил возможен. Таа е и бојата на оган и пламен, што го претставува животот.

Во зима, жолтите украси го симболизираат повторното појавување на сонцето во пролет, кое го топи снегот и ја враќа Земјата од зимата. Потоа, го симболизира почетокот на новата година, новиот живот и цветањето на природата.

Златната боја е симбол и на Витлеемската ѕвезда, која за мудреците од исток била знак на раѓањето на Исус Христос.

Сива или сребрена боја

Среброто е малку поладно од златото, но симболизира нешто многу убаво. Бидејќи зимското небо е претежно ведро, оваа боја го претставува треперењето на ѕвездите на зимското небо.

Таа е поврзана со желби, соништа и надежи, а сребрените украси се многу чести во Централна Европа.

Сина боја

Сината била многу скапа во средниот век, па затоа не е дел од традиционалните украси. Сината е исто така симбол на Богородица, така што во средновековните и ренесансните прикази на Дева Марија, нејзината униформа е многу често сина.

Бела боја

Белата е бојата на зимата. Нѐ потсетува на околностите во кои ги славиме овие празници и се користи како контраст на боите на животот и повторното раѓање.

Затоа, може да се сфати како боја на благодарноста и скромноста.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе