Болните од COVID-19 ќе се примаат во модуларната болница, на Инфективна нема место

Капацитетот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје е речиси исполнет и од вчера за хоспитализација и третман на пациенти со COVID-19 е целосно подготвена модуларната болница, со 72 болнички легла, поставена во близина на клиничката зграда.

Министерството за здравство соопшти дека активно се работи на реорганизација на болничките капацитети и медицинскиот кадар по системот на ротација во јавното здравство за да се одговори на претстојниот период и можното зголемување на бројот на хоспитализации на пациенти со COVID-19.

Тоа во изјава го потврди и министерот Венко Филипче кој соопшти дека од денеска во функција е пуштена и модуларната болница со сосем доволен број на медицински кадар – доктори и медицински сестри од Клиниката за пулмологија и алергологија и Градската општа болница „8 Септември“.

Појасни дека нема да се преоптоварува капацитетот повеќе од тоа што е сега за да не трпат  останатите одделенија и здравствени работници.

Здравствениот систем е подготвен, но од Министерството за здравство апелираат до граѓаните на максимална одговорност и целосно почитување на мерките за заштита од понатамошно ширење на коронавирусот. 

реклама

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе