Бонучи: Ги молев да останам, ме избркаа по 500 одиграни натпревари

Макфакс/Кајгана
/ 14.09.2023 / 16:18

Леонардо Бонучи (36) по 12 сезони, 502 натпревара и 35 гола за Јувентус, со кого освои 9 Скудета и 4 купа, мораше да го напушти клубот. Го избркаа иако сакаше да остане и беше подготвен да биде деградиран во статус на последна резерва само за да ја заврши кариерата во омилениот клуб.

Новиот стопер на Унион Берлин во интервју за SportMediaset, кое стана топ тема во Италија, зборуваше за својата огорченост кон клучните луѓе на клубот.

„Ги читам и слушам неверојатните лаги кои за мене се шират од Јувентус на чело со тренерот Алегри. Не е точно дека во октомври минатата година и февруари годинава ми било кажано дека клубот сака да заминам. Тоа ми беше кажано дури на 13 јули, кога директорите Џунтоли и Мана дојдоа кај мене и ме известија дека повеќе не сум член на тимот“.

„Ми објаснија дека моето присуство во екипата го поткопува нејзиниот раст. Бев толку незамисливо понижен од клубот за кој одиграв повеќе од 500 натпревари. И тоа ми го направија два месеца откако му кажав на раководството на клубот дека сум подготвен да останам како петти или шести избор на централен бек за да им помогнам на младите играчи“, изјаво Бонучи и дополни.

„Сакам да им се заблагодарам на многуте фудбалери кои ми се јавија и ми изразија поддршка и сочувство за огромното непочитување што Јувентус го покажа кон мене. Пирло, Буфон, Кјелини, новиот селектор Спалети, се само некои од нив. Кога сме кај тренерите, мојата желба и план е да играм за Италија на Европското првенство следното лето“, изјави новиот играч на Унион Берлин.

URL

Во меѓувреме, Бонучи реши да го тужи својот „сакан“ клуб затоа што му го нарушил професионалниот углед. Јувентус го отпиша Бонучи пред стартот на новата сезона, па тој смета дека со тоа му го нарушил угледот.

Бонучи излезе од младинската академија на Интер, а настапуваше и за Тревизо, Пиза, Бари и Милан. За репрезентацијата на Италија одигра 121 натпревар и постигна 8 гола.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе