Борељ: ЕУ ќе соработува со талибанците под строги услови, што не значи признавање

ЕУ ќе соработува со талибанците под строги услови, но тоа не значи дека блокот ја признава новата авганистанска влада, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жузеп Борељ.

„За да го поддржиме авганистанското население, ќе мора да се поврземе со новата влада во Авганистан, што не значи признавање. Тоа е оперативен ангажман”, рече Борељ на прес-конференција на Блед.

Тој додаде дека овој ангажман ќе се интензивира во зависност од однесувањето на владата во Кабул, односно од фактот дека Авганистан нема да служи како „база за извоз на тероризам во други земји“ и дека ќе ги почитува човековите права, владеењето на правото и медиумите.

Според него, Авганистан, исто така, ќе мора да формира инклузивна, репрезентативна транзициска влада, да обезбеди слободен пристап до хуманитарната помош и да дозволи странски државјани и Авганистанци да ја напуштат земјата.

Борељ нагласи дека ЕУ има за цел да ги координира своите контакти со талибанците преку заедничко присуство на ЕУ во Кабул за да ги следи евакуациите и да се осигура дека новата авганистанска влада ќе ги исполни обврските како што се безбедноста и човековите права.

„Одлучивме да работиме координирано, да ги координираме нашите контакти со талибанците, вклучително и преку заедничко присуство на Европската Унија во Кабул, доколку се исполнети безбедносните услови“, рече Борељ.

Тој додаде дека ЕУ ќе се обиде и да го координира ангажманот со партнерите во регионот, во области како што се миграциските текови и организираниот криминал. 

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе