Борис Трајковски, Киро Глигоров и Никола Кљусев најпопуларни политичари во изминатите три децении

Борис Трајковски, Киро Глигоров и Никола Кљусев се најпопуларните политичари во изминатите три децении, оцениле испитаниците опфатени со истражувањето на фондацијата „Конрад Аденауер“ и Институтот за општествени истражувања „МК91“, по повод 30 години од независноста на државата.

Од вкупниот број испитаници, 42 проценти дале највисока оценка 5 за поранешниот претседател Борис Трајковски, 33 проценти дале оценка 5 за поранешниот претседател Киро Глигоров и 21,1 процент дале петка за поранешниот премиер Никола Кљусев.

Според резултатите од истражувањето, 43,1 процент сметаат дека државата има успешен развој изминатите три децении, што претставува разлика од 6,9 проценти во однос на оние што имаат спротивен став.

Како најпозитивни нешта изминатите три децении испитаниците ги посочуваат стекнувањето на независноста на државата (15 проценти), процесот на интеграција и самата интеграција во ЕУ и во НАТО (6,3 проценти) и напредокот и модернизацијата на земјата (2 проценти).

Негативни нешта, според испитаниците, се криминалот и корупцијата (12,7 проценти), економијата и животниот стандард (7,1 проценти) и политичката нестабилност (3,1 процент).

– Во овој дел важно е да се укаже дека високи 70 проценти од испитаниците не можат или не знаат да одберат кој настан е најпозитивен во изминатите 30 години, како и 56,8 проценти од испитаниците кои не можат или не знаат да одберат кој настан е најнегативен изминатите три децении, велат од фондацијата „Конрад Аденауер“.

Поддршка за Охридскиот рамковен договор даваат 46,3 проценти од испитаниците, 38,5 проценти го поддржуваат потпишувањето на Договорот за пријателство и соработка со Бугарија, а 41,5 проценти Преспанскиот договор.

Членството во НАТО го поддржуваат 59,8 проценти, а 38 проценти позитивно го оценуваат процесот на евроинтеграција.

Во однос на западните држави-сојузници, највисоки оценки има за Германија (69.5 проценти имаат добро, многу добро или одлично мислење за неа) и за САД (57.4 проценти имаат добро, многу добро или одлично мислење).

Позитивни оценки дoбиле и Кина (60,2 проценти имаат добро, многу добро или одлично мислење), Русија (61,6 проценти имаат добро, многу добро или одлично мислење) и Турција (79,5 проценти имаат добро, многу добро или одлично мислење).

За 35,6 проценти од испитаниците, во следните три децении државата ќе се развива подобро, за 22,6 проценти ќе се развива полошо, а за 16,6 проценти државата ќе има сличен развој како и досега.

– Ова значи дека за 13 проценти е поголем бројот на испитаниците кои позитивно гледаат на развојот на државата во следните 30 години, што упатува на заклучокот дека постои изразено ниво на оптимизам кај испитаниците во однос на иднината на Северна Македонија, а причините за тоа треба да се бараат во посилниот државотворен капацитет на граѓаните, како и во нивната приврзаност кон остварената независност на државата, оценуваат од „Конрад Аденауер“.

Истражувањето е спроведено во август и со него се опфатени 1.110 испитаници.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе