Брачните правила на Ајнштајн за Милева се кошмар за секоја феминистка

Алберт Ајнштајн, нобеловец и светски познат физичар, кој денес голем дел од светот го смета за генијалец, бил тежок човек, чуден, екцентричен и со „бубачки“ во главата.

Неговата прва сопруга Милева Мариќ го знаела ова подобро од сите.

Милева Мариќ и Алберт Ајнштајн се запознале за време на нивните студии. Што ја привлекло перспективната, паметна и четири години постара студентка кај тивкиот, недружељубив и повлечен студент кој ретко зборувал, немал пријатели и речиси секогаш седел сам, денес не е познато. Меѓутоа, пред да го заврши факултетот, Милева забременила и ја родила вонбрачната ќерка Лизерл.

Алберт и Милева се венчале во Берн на 6 јануари 1903 година. Некое време пред свадбата, Лизерл се разболела од шарлах. Не е познато дали починала или е дадена на посвојување. Кога Милева му се придружила на Алберт во Берн, детето не било со неа.

Мајката на Ајнштајн наводно никогаш не ја сакала Милева. Ѝ пречела разликата во години, тоа што ја задржала православната вера и што едната нога ѝ била пократка од другата. Постојано вршела притисок врз синот, а притисокот со годините станал посилен и откако Милева родила два сина.

Нивниот брак функционирал по строго дефиниран „режим“ - Алберт поминувал шест дена во неделата во патентниот завод, слободното време го посветувал на физика, а Милева се трудела да ги образува децата и да ја води куќата. Со текот на времето, таа целосно ја запоставила својата научна работа.

Бракот со години бил во криза, со подобри и полоши периоди, а научникот сè повеќе време поминувал со својата љубовница - братучетката Елза Ловентал. По една од најлошите расправии, Алберт на Милева ѝ направил „список со правила“ кои тој очекувал таа да ги следи:

„Ќе водиш сметка:

да бидат одржувани мојата облека и постелнина;

да добивам три редовни оброци во мојата соба;

мојата спална соба и работна соба да бидат уредни и особено мојата маса да се користи само за мои потреби.

Ќе се откажеш од сите лични врски со мене, освен ако тие не се неопходни од социјални причини. Поточно, ќе се откажеш од:

тоа да седам во куќата со тебе;

да излегувам и да патувам со тебе.

Ќе ги почитуваш следниве правила во врска со мене:

нема да очекуваш никаква интимност од мене, ниту ќе ми приговараш;

ќе престанеш да разговараш со мене ако тоа го побарам;

ќе ја напуштиш мојата спална соба и работна соба ако тоа го побарам веднаш и без приговор.

Ветуваш дека нема да ме омаловажуваш пред нашите деца, ниту со зборови, ниту со однесување.“

Не се знае колку долго живеела Милева по овие диктати. Во јули 1914 година, ден пред Првата светска војна, конечно ѝ дошло преку глава. Си ги спакувала работите, го оставила Ајнштајн и со децата отишла во Цирих.

Научникот побарал развод дури во 1916 година, кој бил легализиран во 1919 година. Тие официјално се разделиле на 14 февруари 1919 година, а Алберт се оженил со Елса на 2 јуни 1919 година.

Списокот со „барањата“ беше откриен во едно од писмата на Алберт до Милева, а беше објавен во биографијата „Ајнштајн - неговиот живот и универзум“ напишана од Волтер Ајзаксон, некогашен претседател на CNN и главен уредник на магазинот Time.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко месо?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе