Бразил е закана за целиот свет, откриени 92 мутации на коронавирусот

Бразил е на второ место во светот по бројот на смртни случаи од коронавирусот, а домашните експерти предупредуваат дека врвот на сегашниот бран на епидемијата ќе биде достигнат дури за неколку недели.

Брзото ширење на мутацијата на коранавирусот, која првпат беше откриена во Бразил, е главната причина за загриженост низ светот, пишува BBC.

Претседателот Жаир Болсонаро на самиот почеток ја потценуваше опасноста од коронавирусот, но сега се фокусира на националната кампања за вакцинација, која според неговите критичари е задоцнета.

Бразилскиот институт за јавно здравје „Фиокруз“ соопшти дека се откриени 92 мутации на коронавирусот во земјата, од кои најопасна е P.1, што предизвика загриженост, бидејќи се смета дека е многу позаразна од првичниот вид на вирусот.

Бразил има најголем број на починати од COVID-19 во Латинска Америка, а последните недели еден од четири пријавени смртни случаи на коронавирусот во светот е во Бразил.

Докторот Мигел Николелис, бразилски професор по невробиологија, вели дека болниците во земјата се во колапс и ова е првпат во историјата да се распаѓа јавниот здравствен систем. Тој посочи дека ситуацијата може да биде ублажена доколку се набават поголеми количества на вакцини.

Николелис нагласи дека Бразил не е само епицентар на пандемијата во целиот свет, туку и дека претставува закана за целокупните напори на меѓународната заедница да ја контролира болеста.

Микробиологот Наталија Пастернак смета дека Бразил има добра програма за имунизација, една од најдобрите во светот, но дека нема вакцини. До крајот на март, Бразил доби само околу половина од планираните 46 милиони дози вакцини.

Тагови
реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе