Фудбалската федерација на Бразил одлучи да му врачи отказ на привремениот селектор Фернанду Динис.
Бразил е во криза, репрезентацијата одигра девет натпревари, на кои забележа пет порази, а победи на само три од нив.
Три од поразите беа во квалификациите за Мундијалот 2026 и тоа од Уругвај, Колумбија и Аргентина.
Динис уште го седна на селекторското место беше назначен како привремено решение со едногодишен договор, односно в.д, селектор. Договорот му беше до лето.
Селекторската функција ја напушта како трет најнеуспешен кој ја водел репрезентацијата на повеќе од пет натпревари. Емерсон Леау (2001) и Шику Нету (1923) беа полоши од него.
Динис истовремено беше и тренер на Флуминенсе, со кој прво го освои Кариока првенството, а потоа ја освои и Копа Либертадорес. На клупскиот Мундијал загуби во финалето од Манчестер Сити. Динис стана препознатлив по стилот на игра налик на тики-така што го практикуваше, по што и го доби прекарот бразлскиот Гуардиола, а неговиот стил на игра го нарекоа динисизмо.
Ќе остане запишано дека со него на клупата Бразил доживеа квалификациски пораз на домашен терен по 37 натпревари.
Исто така, тој го има најлошиот скор во историјата на мундијалските квалификациите по шест одиграни кола.
Според лоокалните медиуми, првиот човек на Бразилската фудбалска федерација, Едналду Родригис, телефонски му меѓу редови му соопштил на Динис дека ќе добие отказ.
Наголемо се шпекулираше дека Карло Анчелоти на лето ќе седне на клупата на Бразил, но неодамна тој објави дека ќе замине во пензија откако ќе го напушти Реал Мадрид.