Бред Пит дели брачни совети за мажите: Никогаш не ја земајте сопругата здраво за готово

Холивудскиот актер на своја кожа има почувствувано како е да поминеш низ криза во бракот и да се разведеш. Бред Пит со медиумите сподели неколку совети за бракот кои добро ќе му дојдеа кога поминуваше низ брачната криза со Анџелина Џоли.

Иако нивниот брак се распадна, Пит вели дека посакува некој да му ги кажел овие совети, објави Daily Viral.

Никогаш не ја земајте сопругата здраво за готово

Кога ја запросивте, се обврзавте дека ќе бидете човекот кој ќе го има и ќе го чува нејзиното срце. Таа ве одбрала вас. Никогаш немојте да го заборавате тоа и не се „залежувајте“ во љубовта. Никогаш не ја земајте сопругата здраво за готово.

Чувајте место во срцето за неа

Сакајте се себе си, сакајте го светот, но имајте и посебно место во срцето во кое не може да влезе никој освен вашата сопруга. Чувајте го тоа место секогаш подготвено за неа, поканете ја да влезе внатре и не доволувајте никој друг да влезе таму.

Заљубувајте се одново и одново

Постојано ќе се менувате, не сте истите луѓе што бевте кога се венчавте и за пет години од сега нема да бидете истите луѓе кои сте денес. Промената ќе дојде, а кога ќе дојде треба да ја одбирате таа нова личност секој ден. Таа не мора да остане со вас и ако не се грижите за нејзиното срце можеби ќе му го даде на некој друг и никогаш нема да го добиете назад.

Не е ваша работа да ја менувате и поправате

Ваша работа е да ја сакате, без очекувања дека ќе ја смените. Ако таа се промени, сакајте ја таква каква што станала.

Преземете одговорност за вашите емоции

На вашата сопруга не ѝ е работа да ве усреќува. Вие сте одговорни за тоа дали и како ќе ја најдете сопствената среќа и кога ќе ја најдете, таа среќа ќе се прелее на вашата врска и љубовта.

Не се секирајте за пари

Парите се игра, најдете начин да работите заедно и да заработувате како тим. Никогаш не се исплати членовите на тимот да се расправаат.

Простувајте веднаш

Простувајте и секогаш бирајте ја љубовта. На крајот на краиштата, ова е единствениот совет што ви треба. Ако ова е единствениот принцип по кој се водите, ништо нема да застане на патот на вашата среќа и љубовта ќе трае засекогаш.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Љубов и секс

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе