Поради високите температури од портокалова фаза

Бремените и хронично болните да се ослободат од работа, Владата со препораки до граѓаните

Од денеска државата е зафатена со високи температури од портокалова фаза. Поради тоа, Владата донесе препораки за ослободување од работа на бремените жени и хронично болните лица.

Во градинките се препорачува да не се практикува физичка активност на отворено и да не се изнесуваат децата надвор од 11 до 17 часот. Работодавачите да ги почитуваат законските обврски во насока на одредени технолошки и производни процеси, кои претставуваат дополнителен ризик за здравјето на работниците.

Се апелира и до граѓаните внимателно да се движат во шумите и да избегнуваат дејствија кои на отворен простор можат да предизвикаат пожар.

Поради високите температури, од Црвениот крст на Град Скопје најавија дека 30 обучени волонтери ќе патролираат на најфекфентните локации во градот – автобуски постојки, амбуланти, пазари од 21 до 28 јули.

– Тимовите ќе делат шишиња вода, а по потреба ќе вршат мерење на крвниот притисок на граѓани кои ќе се пожалат на здравствени проблеми. Сите граѓани ќе добијат совети за начините за превенција од високите температури. Во интервентни случаи, доколу се забележи посериозен здравствен проблем, тимовите ќе врашат транспорт до најблиската здравствена установа, или пак до домот на лицето кое има потреба од терапија во домашни услови, информираа од Црвениот крст на Град Скопје.

Во пунктот за бездомници на Црвниот крст во Момин Поток на располагање е и мобилниот телефон  071/223-972 за дојави од граѓани за бездомници кои се погодени од топлотниот бран. 

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе