Врховниот суд на Велика Британија треба да се изјасни дали парламентот или министрите имаат овластувања да го отпочнат процесот на напуштање на Европската унија, познат како Брегзит, објави BBC.
Одлуката на судот треба да даде наскои како се активира Членот 50 од клаузулата за излез.
Владата инсистира дека министрите имаат такво овластување, но противниците велат дека парламентот треба да даде зелено светло за почеток на преговорите кои ќе траат две години.
Доколку судот не ја прифати жалбата на министрите, тие ќе мора да поднесат барање за гласање во парламентот. Во тој случај, пратениците ќе треба да изгласаат закон за активирање на член 50.
Одлуката на Врховниот суд, за која расправаат 11 судии, нема да го поништи резултатот на референдумот, туку ќе одреди кој пат кон напуштање на ЕУ е законит.
Премиерката Тереза Меј рече дека сака да се повика на член 50 со писмено известување до останатите членки на унијата во врска со одлуката за излез до крајот на март, со што ќе започнат преговорите за условите за напуштање.