Британската премиерка Тереза Меј во официјална посета на Македонија

Скопје, 17 мај 2018 (МИА) - Делегација на Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, предводена од премиерката Тереза Меј денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Церемонијата за добредојде на британската делегација, како што соопшти владината прес-служба, ќе се одвива на платото пред Владата на Република Македонија, по што е предвидена тет-а-тет средба меѓу премиерите Зоран Заев и Меј.

Според програмата за посета на Меј на Македонија, предвиден е и билатерален состанок на македонската и британската владина делегација.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери ќе приреди прием во чест на британската премиерка Меј, која, патем, ќе има обраќање. Поканети да присуствуваат на приемот се политичари, функционери, воени лица и идни лидери.

Претходно британската премиерка ќе се сретне со активисти на ЛГБТ заедницата по повод Меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија.

Тереза Меј во Македонија доаѓа по Самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржува во Софија. Меј ќе биде првиот британски премиер кој дошол во посета на Западен Балкан по 1999 година, кога во регионот го посети поранешниот премиер Тони Блер.

реклама

Македонија

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе