Бројката на ковид-позитивни во земјата прв пат надмина илјада, вчера рекорден број случаи и во други балкански земји

Со 1.085 лица ковид-позитивни во земјава бројката на заразени вчера првпат надмина 1.000. Од новодијагностицираните случаи најмногу има во Скопје - 447, во Струмица - 80 и во Куманово - 69.

Бројот на заболени бележи раст на целиот eвропски континент. Според податоците Ворлдметерс објавени вчера во Европа се регистрирани над 140 илјади нови случаи на коронавирус, со што бројот на позитивни на континентот изнесува  9 851 825. Како и во цела Европа и на Балканот се разгорува епидемијата на коронавирус и секојдневно се бележат нови црни рекорди.

Рекорден број заболени вчера забележани во Србија 1.817 лица, во Бугарија 2.891, во Босна и Херцеговина 1.912, во Романија 6.546, во Албанија 319. Во Хрватска вчера беа регистирани 2.769 нови случаи, во Црна Гора 320, во Словенија 1.796.

Министерството за здравство кај нас вчера информира и за 12 починати лица и 283 оздравени пациенти. Меѓу починатите најмладиот е на возраст од 27 години од Куманово, а највозрасниот е 87- годишен тетовец. Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 31.572, бројката на оздравени пациенти е 2.0731, на починати е 994, а бројот на активни случаи изнесува 9.847.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов по градови најмногу активни слуачи има во Скопје 4.584, во Струмица 553, Тетово 547, Прилеп  494 и Куманово 439.

Од скопските општини, според информациите објвени од Министерството за здравство, по бројот на активни случаи најмногу има во Аеродром 788, Карпош со 682 и Гази Баба - 671. Следат Центар - 592, Кисела Вода - 588 и Ѓорче Петров со 388. Над 100 активни случаи има и во општините Чаир - 233, Бутел - 227 и Илинден - 101

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 154 пациенти. На кислородна поддршка се 117 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 7 позитивни и 2 суспектни деца на COVID-19 и 11 возрасни пациенти, позитивни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 21 прием, а вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 332 позитивни и сомнителни на COVID-19.

Од понеделник, заболените од COVID-19 ќе се лекуваат и на постоечкото психијатриското одделение во Куманово, со што ќе се добијаат дополнителни  20-тина кревети за болните, потврди директорката на кумановската болница, Снежана Захариева и посочи дека се завршени техничките подготовки за преадаптација на одделението за психијатрија.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера обвинија дека власта предводена од СДСМ наместо конкретни мерки за справување со кризата носела измени во кои само предвидува казни, а и тие не ги спроведувала во целост, затоа што, наведуваат, на некои прекршители им се прогледуваше низ прсти.

Од владејачката СДСМ пак со став, дека е важно сите да ги почитуваме мерките за заштита на сопственото и на јавното здравје кои ги донесе парламентарното мнозинство во Собранието и стапија на сила, и покрај опструкциите и одолговлекувањето од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат неконструктивно и ги кочат, опструираат и критикуваат сите напори за справување со коронакризата.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Read more

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Read more

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе