Бројот на новозаразени во Австралија првпат во последните пет дена под 100.000

Дневниот број на заразени со COVID-19 во Австралија денеска опадна под 100.000, прв пат во последните пет дена, а властите веруваат дека бранот од омикрон сојот се приближува до својот врв во Нов Јужен Велс, најтешко погодената земја на континетот.

Австралиските власти во изминатите 24 часа регистрираа вкупно 85.824 случаи на инфекција, што е значителен пад од рекордните повеќе од 150.000 во четвртокот, по што бројот на новозаразени почна да се намалува.

Здравствените власти вчера соопштија дека симулациите покажале дека Австралија се приближува кон врвот на бранот, предупредувајќи дека бројот на случаи ќе остане висок во следните неколку недели.

Австралија претходно со строги карантини го ограничуваше ширењето на вирусот, а сега бележи рекордни бројки и има најголем број заразени во светот на дневна основа.

Годинава се регистрирани повеќе од 1,3 милиони случаи, додека во 2020 и 2021 година имаше вкупно 200.000 случаи.

Австралија почна да ги олеснува мерките кон крајот на минатата година, откако беше постигната стапка на вакцинација од 70-80 отсто.

Во Австралија, повеќе од 92 отсто од населението на возраст над 16 години имаат примено најмалку две дози од вакцината против коронавирус.

Вкупниот број на заразени во Австралија од почетокот на пандемијата неделава надмина 1,5 милиона, додека од последици на COVID-19 починаа 2.673 лица. 

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе