Бројот на заболени зголемен за 23 отсто, на починати намален за 17,4%

Во периодот од 1 до 7 март тестирани се вкупно 21.090 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 4,6 отсто во однос на минатата недела, при што се регистрирани 4.463 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што претставува зголемување од 23 отсто во однос на минатата недела, покажуваат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Како што соопшти Министерството за здравство, најголем дел од новорегистрираните случаи се од Скопје (n=2.160; 48,3 отсто), со неделна инциденца – 349,7 на 100.000 жители. Највисока неделна инциденца од 847,9 на 100.000 жители е регистрирана во Неготино (заедно со Демир Капија)

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 13,2 до 26,7 отсто или во просек 20,9 отсто, што е за три отсто повеќе во споредба со минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=1.026, 23 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 години (n=895; 20,1 отсто), од 40 до 49 години (n=803; 17,8 отсто), од 50 до 59 години (n=778; 17,4 отсто) и од 20 до 29 години (n=626; 14 отсто). Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=104; 2,3 отсто) и од 10 до 19 години (n=231; 5,2 отсто).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.895 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е зголемување за 2,2 пати споредено со минатата недела.

Пријавени се 57 смртни случаи од 16 градови, 17,4 отсто помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 50 лицa биле над 60 години, пет лица на возраст од 50 до 59 години и по едно лице од возрасните групи од 30 до 39 години и од 40 до 49 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 1 до 7 март, како и кумулативната состојба се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе