Бројот на жртвите во Брисел порасна до 28, потврден самоубиствен напад на аеродромот

Бриселскиот оператор за јавен транспорт „Stib“ објави дека во експлозијата на станицата на подземната железница Малбек загинале 15 луѓе, а ранети се 55 луѓе, од кои десет се во критична состојба. Според последните податоци заедно со загинатите на аеродромот „Завантем“ бројот на жртвите од терористичките напади се искачи на 28.

Белгиското радио објави дека уште експлозии одекнале по 11 часот, во европскиот кварт, но тоа биле контролирани експлозии на сомнителни пакети.

Репортерот на агенцијата Belga на Twitter објави дека бројот на повредени кај меѓународниот аеродром Завентем изнесува 81, но не е позната нивната состојба.

Белгискиот јавен обвинител Фредерик ван Леув, потврди дека на аеродромот Завентем е изведен самоубиствен бомбашки напад.

„Една од двете експлозии на аеродромот одекнала на терминалот за полетувања, а станува збор најверојатно за самоубиствен напад“, изјави ван Леув. Додаде дека е прерано за да се наведе конечниот број на жртвите.

„Се случи она од што стравувавме. Нашата земја е погодена од слепи, насили и кукавички напади“, изјави премиерот Шарл Мишел на вондредната прес-конференција. Ги повика сонародниците да останат „обединети и солидарни“. „Белгиските власти работат на обезбедувањето на другите места кои би можеле да бидат нападнат“, рече Мишел.

Прогласено е највисоко ниво на тревога, а контролата на границите е зајакната и во нив учествува и војската.

„Во овој трагичен момент за нашата земја, повеќе од кога и да е ги повикувам сите да останат смирени, но и да бидат солидарни. Соочени сме со тешка ситуација и за да се справиме со неа мора да бидеме единствени“, порача белгискиот премиер.

Белгискиот министер за внатрешни работи Жан Жамбон во понеделникот изјави дека земјата е на висок степен на готовност поради можни одмазнички напади по апсењето на Абдеслам.

„Знаеме дека запирањето на една ќелија може да поттикне друга акција. Свесни сме за тоа, што се однесува до овој случај“, изјави Жамбон за белгиското јавно радио.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more

Како Јокиќ реагираше кога Шекил му рече дека не требало да биде МВП?

Read more

Свет

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Read more

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Read more

Голем протест во Шведска: Не го сакаат Израел на Евровизија, меѓу демонстрантите и Грета

Read more

Украина изведе најдлабок напад во Русија, погоди рафинерија оддалечена 1.500 км

Read more
 

Вести

Апасиев: Уште поборбено одиме да создадеме пофер, поправично и порамноправно општество за нашиот народ

Читај повеќе

Зеленски ѝ ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова

Читај повеќе

Падна дрво во населбата Автокоманда

Читај повеќе

Без струја, делови од Зелениково и Чучер Сандево

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Читај повеќе

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Читај повеќе
  • filter

Голем протест во Шведска: Не го сакаат Израел на Евровизија, меѓу демонстрантите и Грета

Читај повеќе

Симфонија на трајни вредности: концерт на Мизар и Хармосини во Македонска филхармонија

Читај повеќе