Буфон доби понуда вредна 15 милиони евра

Џанлуиџи Буфон, 45-годишниот легендарен италијански голман под договор со Парма, доби понуда да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.

Трансфер експертот Џанлука ди Марцио пишува дека пред него е одлуката да продолжи во клубот во кој ја започна својата блескава кариера, да се пензионира или да прифати трансфер во се попопуларната лига за ветераните, но и европските ѕвезди.

Трофејниот голман кој во својата кариера настапуваше за Парма, Јувентус, ПСЖ и италијанската репрезентација наводно има понуда вредна 15 милиони евра да дојде во Саудиска Арабија. Буфон минатата сезона бранеше на 19 натпревари. Прими 24 гола, а пет натпревари завршија без топка во мрежата.

Поранешниот светски првак и европски вицешампион со Италија во кариерата одиграл 975 натпревари за клубовите и 176 за репрезентацијата. Со Јувентус, тој беше 10-кратен шампион на Италија и трипати финалист во Лигата на шампионите.

реклама

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Read more

Фудбал

Анчелоти е нов селектор на Бразил, ќе биде првиот странец на клупата

Read more

ФФМ објави против кои лица се покренува постапка поради сомнителниот меч Кожуф - Башкими

Read more

Дембеле прогласен за најдобар играч во Франција

Read more

Де Брујнe доби зелено светло за преговори со Наполи

Read more
 

Спорт

ЕвроБаскетот 2029 ќе се игра во Грција

Читај повеќе

Анчелоти е нов селектор на Бразил, ќе биде првиот странец на клупата

Читај повеќе
  • play_arrow

ФФМ објави против кои лица се покренува постапка поради сомнителниот меч Кожуф - Башкими

Читај повеќе

Дембеле прогласен за најдобар играч во Франција

Читај повеќе

Де Брујнe доби зелено светло за преговори со Наполи

Читај повеќе

Јунајтед ќе мора да го плаќа Каземиро како да е Роналдо

Читај повеќе
  • play_arrow

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Читај повеќе

Познати се сите учесници на Европското првенство во ракомет 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

7 големи фудбалски клубови со лоши академии

Читај повеќе