Буфон размислува да се врати во Јувентус

Италијанскиот фудбалски ветеран Џанлуиџи Буфон може да стави крај на својата кариера во текот на летото, откако откажа обновување на договорот со Пари Сен Жермен.

Славниот голман всушност размислува за предлогот да се врати во Јувентус, како директор.

Четириесет и едногодишниот голман потпиша со ПСЖ во текот на летото на 2018 година, откако стави крај на 17-годишниот престој во Торино.

На почетокот на оваа сезона ситуацијата изгледаше сосема поинаква, а тогаш самиот тој посочи дека би можел да продолжи да игра во клубот и наредната сезона.

Имајќи предвид како помина ПСЖ во Лигата на Шампионите (беше елиминиран од Манчестер Јунајтед во осминафиналето), најверојатно Џиџи се премислил.

Следната недела, агентот на голманот Силвано Мартина ќе биде во Париз и ќе ја разгледува ситуацијата на својот клиент со клубот. Ако Италијанецот одлучи да не го потпишува новиот договор или пак ПСЖ се откаже од опцијата да го продолжи сегашниот договор за уште една година, тогаш Џиџи ќе се врати во Јуве, за да биде дел од менаџментот на клубот.

– Поминав 9 месеци во еден волшебен град како Париз, кој ме поздрави и ми покажа многу љубов. Многу сум задоволен што го направив изборот да одам во ПСЖ. Сакав да доживеам нешто ново во фудбалот, да живеам во нов град. Морам да признаам дека ги постигнав овие цели. Научив француски и сега знам дека во иднина сето ова ќе ми помогне, изјави Буфон неодамна за клупскиот сајт.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе