Бугарија и Романија први во ЕУ по бројот на загинати во сообраќајки

Според последните податоци објавени од Европската комисија, Бугарија и Романија се на прво место во ЕУ по бројот на загинати во сообраќајни несреќи.

Црните бројки на овие источноевропски земји се речиси двојно повисоки од просекот на Европската Унија.

Европската Унија си постави за цел до 2030 година да го намали бројот на смртни случаи и тешки повреди предизвикани од сообраќајни несреќи за 50 отсто.

Според последните податоци, бројот на смртни случаи на ниво на ЕУ, предизвикани од сообраќајни несреќи во 2023 година, е намален за 10 отсто во однос на претпандемиската 2019 година.

Но, овој тренд не важи во сите земји-членки. На пример, бројот на луѓе кои ги загубиле животите во сообраќајни несреќи значително се намалил во Шпанија, Франција и Италија, а се зголемил во земји како Ирска, Холандија, Словачка и Шведска.

На спротивната страна, Белгија, Чешка, Данска, Унгарија и Полска се многу блиску до остварување на целта што ја постави Европската Унија.

Сепак, Бугарија и Романија остануваат на прво место во ЕУ по бројот на смртни случаи предизвикани од сообраќајни несреќи.

Минатата година Бугарија пријави 82, а Романија 81 смртен случај на милион жители. Ова е речиси двојно повеќе од просекот на ЕУ, каде што се забележани 46 смртни случаи на милион жители.

Според истиот извештај, најбезбедни патишта се во Шведска (22 смртни случаи на милион жители) и Данска (27 смртни случаи на милион жители).

Во 2023 година, околу 20.400 луѓе ги загубија животите во сообраќајни несреќи на патиштата во Европската Унија. За жал, нема детални податоци за минатата година, но да речеме дека во 2022 година повеќе од половина (52%) од сообраќајните несреќи со смртни последици се случиле на патишта надвор од населени места, 38 проценти во градски средини и девет проценти на автопати.

И од податоците поврзани со 2022 година, дознаваме дека повеќе од 2.000 велосипедисти го загубиле животот во сообраќајни несреќи во Европската Унија.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе