Бугарија му забрани на осудениот Дамчевски да работи како гинеколог

Скопје, 6 декември 2018 (МИА) – Раководството на Медицински центар „Мајчин дом“ во Софија се обрати до Агенцијата за медицинска ревизија при Министерството за здравство на Бугарија да изврши проверка во врска со гинекологот Николче Дамчевски, кој има потврдена казна затвор од две години од Апелацискиот суд во Скопје, објави бугарската агенција БГНЕС.

До утврдување на околностите во случајот, на докторот му се забранува да извршува медицинска дејност, изјавија од софискиот Медицински центар „Мајчин дом“ за агенцијата.

Дамчевски девет месеци лажел пациентка во Македонија дека е бремена. Тој во Македонија има осумгодишна забрана за работа како доктор и е во бегство. Во меѓувреме, станал член и на Бугарскиот лекарски сојуз, а работел во една приватна болница во бугарскиот главен град. Во пресудата против Дамчевски пишува дека „како гинеколог тој има вина за тешки злосторства извршени врз здравјето на луѓето и фалсификување документи”. Пред судот тој ја признал вината и по двете обвиненија – фалсификување на медицински документи и несовесно извршување на лекарската професија.

Раководството на Медицинскиот центар е подготвено да соработува целосно со истражните и надзорните органи за да се разјаснат околностите на случајот, наведува БГНЕС. 

реклама

Македонија

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе