Бугарија веќе го има првиот обучен пилот за F-16

Бугарија го има првиот пилот за американските авиони-ловци F-16 што ќе бидат испратени во земјата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, капетанот Александар Велинов успешно ја заврши обуката во Националната военовоздухопловна гарда Морис во Аризона, САД.

Таму се обучени уште четворица бугарски пилоти.

Велинов во интервју за БНР истакна дека ова е многу добра шанса неговите колеги да можат да летаат со сосема нов авион-ловец, за разлика од сегашните МиГ-29, кои се стари над 30 години.

– Се радувам што новата техника доаѓа во овој момент, кога јас ќе можам да управувам со новите авиони подолг период, изјави бугарскиот пилот на F-16.

Бугарија ќе ја добие првата серија од осум американски борбени авиони F-16 во 2025 година, што доцни една година поради COVID-19. Во моментов се водат преговори меѓу Бугарија и производителот на F-16 за набавка на втора серија од осум авиони, со кои Софија до 2030 година ќе има вкупно 16 нови авиони-ловци F-16, што ќе бидат цела ескадрила.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Регион

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе