Бугарските пратеници и министри се откажаа од платите за време на вонредната состјоба

Софија, 6 април 2020 (МИА) – Дебатата за висината на пратеничките плати за време на вонредната состојба во Бугарија на денешната парламентарна расправа доби целосен пресврт, откако пратениците на владеачката партија ГЕРБ изненадувачки се откажаа од претходната идеја нивните плати да бидат „замрзнати“ и поднесоа предлог целосно да се откажат од нив до крајот на вонредната состојба, пренесе БГНЕС.

На овој начин на народните претставници и натаму ќе им се плаќа осигурувањето, но додека не се укине вонредната состојба во земјата, прогласена на 13 март, целата нивна плата ќе биде префрлана на сметката на Министерството за здравство, за државата да ги користи во борбата против ширењето на COVID-19.

Освен за пратениците, оваа најнова мерка ќе важи и за министрите и нивните политички кабинети, како и за претседателите на државните и извршните агенции.

Идејата пратениците  да ги подаруваат своите плати наиде на широко одобрување меѓу останатите политички партии во земјата.

-Горд сум на оваа одлука, искоментира лидерот на „Волја“ Веселин Марешки, кој претходно денеска инсистираше пратеничката плата да се изедначи со минималната плата во земјата, што во моментов изнесува 610 лева.

Борис Јачев од „Обединети патриоти“, исто така, изрази задоволство од одлуката на коалициските партнери.

-Задовелен сум и горд што сум дел од овој парламент, рече тој од говорницата.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе