Бунт против Роналдо во соблекувалната, дали му истече времето?

Проблемите се зголемуваат, неговиот најголем сојузник во соблекувалната и понатаму се обидува да ги смири страстите, но очигледно е дека конфликтот станува видлив. Дали Зидан е способен да ја реши оваа ситуација?

Кристијано Роналдо на една страна, поголемиот дел од играчите на друга.

Ова најмногу се однесува на младите играчи, предводени од Иско.

Последниот конфликт изби откако Португалецот му најде примедба на шпанскиот репрезентативец, бидејќи веднаш не му се заблагодарил за асистенцијата, иако ниту самиот Кристијано тоа никогаш не го прави.

Наводно, Иско, Васкез, но и останатите млади фудбалери веруваат дека Роналдо изминатите години инсистирал тие да бидат продадени, бидејќи не ги задоволуваат критериумите на клубот, а тие исто така веруваат дека токму поради Роналдо, Марко Асенсио не добива повеќе минути на теренот.

Шпанските медиуми се полни со приказните околу фактот дека Роналдо и Бензема не даваа голови во првенството и дека тоа е причина што Реал е далеку од одбрана на титулата, но и дека Зидан не менува ништо.

Во овој момент, клучен фактор е Серхио Рамос. Тој не се согласува со Роналдо дека повредите се главна причина за лошите резултати.

„Тоа е алиби, победувавме и минатите сезони со повредени играчи, па и без Роналдо. Оние кои играат се најдобри и не можеме да бараме причини, повредите се составен дел“, вели Шпанецот.

Тој и понатаму е тампон зона меѓу младите играчи и Роналдо.

„Не е битно кој дава голови, Бензема и Роналдо ќе проработат. На Кристијано му е тоа важно и поради индивидуалните награди, на мене ми е сеедно, не правам разлика меѓу моите и головите на другите“, јасен е лидерот во соблекувалната.

Многумина веруваат дека Зидан не е способен да ги смири страстите, тој и понатаму верува во Бензема, но и нема некој избор, дозволи Мората да замине, а и пропушти да го доведе Мбапе.

Анализите покажуваат дека на крајот на сезоната ќе го плати данокот за тоа, но што се однесува до Роналдо, ако тој не дава голови, проблемите ќе бидат уште поголеми, но ако ги повтори работите од минатата пролет, тогаш веќе ќе се знае кој е главен.

Во секој случај, не постои шанса да си замине од клубот, ниту пак тој сака да замине до 2021 година, кога се верува дека ќе го замени Нејмар. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе