Свет

Бунт во затвор во Венецуела, убиени 23 затвореници

25. мај 2019 - 15:27 | МИА

Организацијата на заштита на правата на затворениците во Венецуела денеска соопшти дека затворски чувари, за време на бунт во затвор во сојузната држава Португеса убиле 23 затвореници.

Умберто Прадо од Опсерваторијата за венецуелските затвори рече дека во бунтот биле ранети и 18 чувари.

Тој затвор се наоѓа на 350 километри од главниот град Каракас.

Венецуелските власти досега не го коментираа овој инцидент.

Минатата година, 68 затвореници беа убиени во бунт во затвор во Валенсија, од кои многумина изгореа живи.

Критичари велат дека 30 затвори во Венецуела се пренатрупани и со нив управуваат банди, кои се занимаваат со трговија на дрога и оружје.

Венецуела се наоѓа во голема криза, која се карактеризира со недостаток на храна и лекови, поради што милиони граѓани заминаа од земјата.

Во исто време, постои жесток политички конфликт меѓу претседателот Николас Мадуро и водачот на опозицијата Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател и е поддржан од околу педесет земји, вклучувајќи ги и САД.

Коментирај