Царовска: Просечната пензија идната година се зголемува на 15.500 денари

Битола, 5 декември 2019 (МИА) – Од идниот месец сите пензии во државата ги зголемуваме за 700 денари кои ќе влезат во основицата на пензијата, а со ова покачување, во 2020 година просечната пензија ќе изнесува околу 15.500 денари, изјави министерката во Министерството за труд и социјална политика Мила Царовска која денеска оствари средба со пензионерите во Битола.

На средбата со битолските пензионери се разговараше за плановите во наредната година, но и за развој на социјални услуги на локално ниво како што е нега за стари лица во домашни услови.

-Од идниот месец сите пензии во државата ги зголемуваме за 700 денари кои што ќе влезат во основицата на пензијата. До крајот на годината пензиите ќе се усогласат за уште 160 до 200 денари што значи дека во 2020 година пензиите ќе пораснат за околу 900 денари. Со ова покачување во 2020 година просечната пензија ќе изнесува околу 15.500 денари, или за три години просечната пензија ќе се зголеми за вкупно 1.746 денари, истакна министерката Царовска.

На средбата со битолските пензионери Царовска посочи дека дополнителното трето покачување се прави законски и плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и во услови кога имаме раст на економијата и раст на минималната плата за 15 насто и за 5 проценти на просечната плата.

Според Илија Ивановски, заменик директор на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, со пензиската реформа само за една година направена е заштеда во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од 3 милијарди денари, а приходите на Фондот за ПИО се зголемени за 10 насто.

– Пензиите се покачуваат во време кога 11 месеци по ред пензиите се исплаќаат без позајмици и кога спроведувањето на пензиската реформа даде одлични резултати, нагласи Ивановски.

Посетата на Битола министерката Царовска ја искористи и за средба со корисниците на Регионалниот ресурсен центар за лица со попреченост и Домот за стари лица Сју Рајдер во тој град.

реклама

Македонија

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе