Вселенското летално на НАСА, Cassini се подготвува за проучување на прстените на Сатурн. По 12 години минати во системот на Сатурн, леталото ќе влезе во нова орбита со што ќе им се доближи на прстените.
Леталото од новата орбита ќе може да ги проучува честичките и молекулите на гасови што се наоѓаат во близина на прстените, како и да ги набљудува малите месечини во орбитата покрај прстените.
Мисијата на Cassini треба да заврши на 15 септември 2017 година. Леталото во новата орбита ќе остане до април 2017 година. Првото минување покрај F прстенот ќе биде на 4 декември.