Цените на нафтата паѓаат, трговците загрижени

Цените на нафтата паднаа на меѓународните берзи бидејќи натамошното зголемување на каматните стапки од страна на централните банки ќе го забави економскиот раст, што ќе ја намали побарувачката за црното злато.

Цената на барел нафта на лондонската берза во однос на претходното затворање, падна за 70 центи, на 82,0 долари. На американската берза барелот се тргуваше по пониска цена од околу 80 центи, по 76,49 долари.

Цените на двете берзи паднаа поради посилниот долар, кој може да ја ослаби побарувачката за нафта со тоа што ќе ја поскапи за оние кои користат други валути. Претседателот на американската централна банка Џером Пауел во средата изјави дека американската централна банка дополнително ќе ги зголеми каматните стапки следната година, иако на економијата ѝ се заканува рецесија.

„Цените на нафтата денеска се под притисок бидејќи насоките на ФЕД за монетарната политика ја зголемија загриженоста за економскиот раст, го зајакнаа американскиот долар и ги притиснаа цените на суровините“, рече Тина Тенг од CMC Markets. Економските податоци на Кина за ноември беа „многу под очекувањата, што дополнително ги затемни изгледите за побарувачката“, додаде Тенг.

Утринава, всушност, се покажа дека втората по големина светска економија дополнително ја загубила динамиката, бидејќи податоците покажале дека растот на фабричкото производство забавил, а продажбата на мало продолжи да паѓа. Кина е најголемиот увозник на нафта во светот.

Излевање на нафта во Канада

Притисокот врз цените на нафтата дојде и со веста дека канадската TC Energy продолжува со работа на дел од својот гасовод Keystone, една недела откако истекувањето на повеќе од 14.000 барели нафта во руралните средини на Канзас предизвика затворање на гасоводот.

Падот на цените беше ограничен со проценките на Меѓународната агенција за енергија, која очекува кинеската побарувачка на нафта да закрепне следната година, по овогодишниот пад од 400.000 барели дневно. Во меѓувреме, залихите на сирова нафта во САД во САД се зголемија за повеќе од 10 милиони барели минатата недела, најмногу од март 2021 година, според податоците на американската влада.

И покрај денешниот пад, цените на нафтата се на пат да растат оваа недела и се оддалечија од најниските нивоа во годината, кои ги достигнаа пред една недела. Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) денеска соопшти дека во средата цената на барел од нафтената кошничка на нејзините членки пораснала за 1,63 долари, на 79,97 долари, во споредба со претходниот ден.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Бизнис

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more
 

Вести

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе