Цените на нафтата пораснаа втора недела по ред

На светските берзи цените на нафтата пораснаа минатата недела, вторпат по ред, бидејќи стравувањата од рецесија стивнаа, но трговците се загрижени за забавувањето на растот на кинеската економија поради продолжувањето на рестриктивните мерки против COVID-19.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 2,7 отсто, на 96,07 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 3,7 отсто, на 88,20 долари. На нафтените пазари сè уште владее неизвесност, па еден ден цената на барелот расте, а следниот ден паѓа.

БДП на САД порасна по два квартала пад

Цените се поддржани од неодамнешната одлука на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници да ја намалат понудата за два милиони барели дневно од ноември и неодамнешното стапување во сила на ембаргото на ЕУ за руската нафта и деривати.

„Намалувањето на производството на ОПЕК од ноември и новите санкции на ЕУ за руската нафта од 5 декември треба да имаат позитивен ефект врз цените“, вели Стивен Инес од SPI Asset Management. Цените на барелот беа поттикнати и од солидните показатели од некои од најголемите светски економии, што ги намали стравувањата од рецесија.

По два квартала пад, американскиот бруто домашен производ (БДП) се зголеми за 0,6 отсто во третиот квартал во споредба со претходните три месеци.

„Стравот од рецесија стивна“

Германската економија забележа раст и во третиот квартал, за 0,3 отсто во однос на претходниот квартал, кога активноста се зголеми за само 0,1 отсто. Најголемата европска економија досега успеа да се одбрани од рецесијата, и покрај високата инфлација и енергетската криза.

„Се чини дека стравот од рецесија стивна неодамна, но континуираното обложување на здрав економски раст може да се покаже како непромислено“, предупредува Тамас Варга од PVM.

Повисоките цени на нафтата беа ограничени поради загриженоста за кинеската побарувачка, откако некои кинески градови воведоа построги мерки за борба против ширењето на COVID-19, вклучително и затворање згради и цели градски области.

Кина е најголемиот увозник на сирова нафта во светот, а оваа година опстојуваше на строги мерки за борба против COVID-19, што ја запре деловната и економската активност и ја намали побарувачката за гориво.

ММФ очекува забавување на растот на БДП на Кина

„Тешко е логично да се предвиди закрепнување на набавката на сирова нафта во Кина, со оглед на неизвесноста создадена од нејзината политика на нулта толеранција кон Ковид“, рече аналитичарот на PVM Oil, Стивен Бренок.

Меѓународниот монетарен фонд очекува економскиот раст на Кина да забави на само 3,2 отсто оваа година, од 8,1 отсто во 2021 година. Во април, ММФ процени дека растот оваа година би можел да биде 4,4 отсто.

Откако минатата година цените на нафтата скокнаа за повеќе од 50 отсто, благодарение на закрепнувањето на економиите од корона кризата, од почетокот на оваа година пораснаа за околу 20 отсто, што најмногу е последица на војната во Украина.

Тагови
реклама

Бизнис

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Read more

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе