Цените на нафтата растат втора недела по ред

Цената на нафтата на светските пазари порасна втора недела по ред, бидејќи се шпекулира дека групата ОПЕК+ би можела дополнително да го намали производството, со оглед на тоа што растот на западните економии забавува.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 1,7 отсто, на 76,95 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 1,6 отсто, на 72,67 долари.

Растот на цените втора недела по ред следи по пораките за снабдување од водечките производители пред редовниот состанок на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници за да ја разгледаат производната политика.

Во април, ОПЕК + одлучи да го намали производството за дополнителни 1,16 милиони барели дневно за да ги балансира цените, а саудискиот министер за енергетика ја подигна прашината минатата недела велејќи дека трговците кои шпекулираат за падот на цените би можеле да ги чека уште едно непријатно изненадување.

Ова беше протолкувано како сигнал дека групацијата повторно ќе го намали производството. Но, рускиот вицепремиер Александар Новак во четвртокот рече дека, според него, тие нема да преземаат нови потези, бидејќи пред само еден месец одлучија да го намалат снабдувањето.

Во меѓувреме, цените беа поддржани од силниот пад на залихите на нафта во САД една недела претходно, за речиси 13 милиони барели, што укажува на зајакнување на побарувачката на почетокот на летната сезона на патувања.

Сепак, растот на цената на нафтата беше ограничен бидејќи не се знае колку растот на западните економии ќе се забави и дали ќе се избегне рецесија, имајќи предвид дека поради високата инфлација, централните банки на западните земји веројатно ќе продолжат да зголемуваат каматни стапки.

Минатата недела, неколку претставници на американската централна банка изјавија дека инфлацијата не се намалува доволно брзо и дека е можно дополнително зголемување на каматните стапки.

Германската економија, од друга страна, падна во рецесија, имајќи предвид дека бруто домашниот производ (БДП) на земјата падна втор квартал по ред на квартална основа минатиот квартал.

И покрај растот две недели по ред, цените на нафтата сè уште се во значителен минус од почетокот на годината, околу 10 отсто.

Тагови
реклама

Едно овошје е број еден за намалување на крвниот притисок

Read more

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Бизнис

Русија забрани извоз на гориво, цената на нафтата скокна

Read more

Претседателот на УО на Шпаркасе банка – дел од Самитот за сина економија

Read more

Волстрит благо падна пред одлуката на ФЕД за каматните стапки

Read more

Волстрит претпазлив – дали повторно ќе се зголемат каматните стапки?

Read more
 

Вести

  • filter

Чекална во Центар

Читај повеќе

Во Загреб пристигнаа налози за апсење, Грците бараат екстрадиција на уште десет навивачи

Читај повеќе

Државата им ги одзема децата на мафијашите во Италија

Читај повеќе

Полскиот премиер до Зеленски: Не ги навредувај Полјаците

Читај повеќе

Сончево време со температура до 35°C

Читај повеќе

Косово врие од лажни евро монети – уапсени и лица од Македонија

Читај повеќе

Георгиевски до Груевски: Сè што ми направи мене, сега ти го прават тебе

Читај повеќе

Бислимоски: Ако не се постави цевководот на мостот Беласица, ќе имаме ценовно цунами со парното греење

Читај повеќе

Фрлени бомби врз три куќи на српски политичари во Косово

Читај повеќе