Цените на нафтата растат втора недела по ред

На глобалните берзи цените на нафтата минатата недела пораснаа, вторпат по ред, за приближно 3 отсто, бидејќи трговците очекуваат зголемување на побарувачката на „црното злато“ во вториот дел од годината.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 3,2 отсто, на 85,24 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 2,8 отсто, на 80,73 долари.

Растот на цените втора недела по ред се должи на проценките дека побарувачката ќе се зголеми во вториот дел од годината.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) одлучи благо да го зголеми производството кон крајот на годината, проценувајќи дека побарувачката треба да закрепне - оваа година да се зголеми за нешто повеќе од два милиони барели дневно.

И Меѓународната агенција за енергија (IEA) очекува раст на побарувачката, но половина послаб.

Во САД, најголемиот светски потрошувач на нафта, започна летната сезона на патувања, а аналитичарите на инвестициската банка Goldman Sachs проценуваат дека пазарот во третиот квартал ќе биде во дефицит од 1,3 милиони барели дневно.

На зајакнување на побарувачката упатува и фактот што залихите на нафта во САД минатата недела се намалија за 2,5 милиони барели, а потрошувачката, според податоците за снабдување на бензинските пумпи, се зголеми за 1,9 милиони барели дневно.

Нема да се брза со намалување на каматите

„Цените ова лето би можело да бидат поддржани со сезонско зголемување на побарувачката, разгорување на конфликтот меѓу Израел и Хезболах и сезоната на урагани“, објаснуваат аналитичарите на City.

Од друга страна, повисокиот раст на цените беше запрен со пораките на низа челници на американската централна банка дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки, бидејќи инфлацијата во САД сè уште е далеку над целните нивоа на ФЕД од 2 отсто.

И повисоките каматни стапки значат дека ФЕД се обидува да го забави растот на побарувачката и економијата, што може да има негативно влијание врз побарувачката на нафта.

Главно поради геополитичките тензии на Блискиот Исток, цените на нафтата се во пораст во однос на почетокот на годината - на лондонскиот пазар речиси 11 отсто, а на американскиот околу 12 отсто.

Тагови
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Која секс поза и секс играчка се најпопуларни во Македонија?

Read more

Со што се дрогираат Македонците?

Read more

Бизнис

Цените на нафтата растат по договорот меѓу САД и Кина

Read more

Претседателот на BALFIN Group единствен претприемач од регионот на FII PRIORITY Europe Summit

Read more

BALFIN AUSTRIA: 100 милиони евра инвестиции

Read more

Берзите во исчекување, бележат благ раст

Read more
 

Вести

Зеленски: Размислуваме за средба на лидерите на Украина, Русија, САД, ЕУ и Британија

Читај повеќе

Руски медиуми: Москва подготвена да работи на меморандум со Украина кој би вклучувал и прекин на огнот

Читај повеќе

Трамп: Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за крај на војната

Читај повеќе

По два часа заврши разговорот помеѓу Трамп и Путин

Читај повеќе

Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните, модернизација на железницата од Коридорот 10 и проекти во здравството

Читај повеќе

Во тек е телефонски разговор помеѓу Трамп и Путин

Читај повеќе

Општина Центар објави повик за изработка на мини мурали и графити поврзани со македонското писмо и јазик

Читај повеќе

Со што се дрогираат Македонците?

Читај повеќе

Нетанјаху најави целосна окупација на Газа: Ќе преземеме сè, а помошта ќе биде минимална

Читај повеќе