Чак Норис му се закани на Лукашенко
Легендарниот Чак Норис преку видео-порака упати закани до белорускиот претседател Александар Лукашенко дека ќе му дојде во резиденцијата и ќе го расплаче.
„Кога сечам кромид, кромидот плаче. Ако не престанеш да го правиш тоа што го правиш сега, ќе дојдам кај тебе во една од твоите резиденции и ќе те расплачам“, е дел од пораката која Норис му ја упати на Лукашенко.
Светот се заврте против Лукашенко поради сомнеж за штелување на изборните резултати од претседателските избори во Белорусија каде Лукашенко убедливо победи. Следуваа протести низ градовите во државата при што полицијата употреби сила, а илјадници демонстанти беа притворени.