Charlie Hebdo и пет години по нападот останува критичар на општетсвото

Францускиот сатиричен неделник Charlie Hebdo, во новиот број посветен на петтата годишнина од терористичкиот напад врз нивната редакција, во кој загинаа 12 новинари и карикатуристи, ги критикува новите форми на цензура и „нови гуруа на форматираната мисла“, објавија денеска француските медиуми.

Неделникот утре ќе ги продолжи своите критики кон општеството во сатиричен дух и со црн хумор, токму на годишнината од нападот, кој не се откажа дури и по нападот, јави Бета.

„Вчера можевме да го пцуеме Бога, војската, црквата и државата… Денес треба да научиме да пцуеме тирански здруженија, малцински заедници, блогери и блогерки кои ни делат удари по рацете како мали школски учители“, напиша Рис, директор на редакцијата на весникот.

Рис нагласи дека „политичката коректност наметнува промена во правописот и нѐ советува да не користиме зборови што можат да му пречат на некого“.

Новинарот ги критикуваше „новите цензори кои сметаат дека се кралеви на светот зад тастатурата на паметни телефони“.

„Поранешниот пламен на пеколот отстапи место на одвратните твитови“, додаде Рис, чиј весник по нападот ја продолжи сатирата и критиката на општеството и дека нема табуа.

На насловната страница е цртеж на кој се наоѓа џиновски паметен телефон со натписи на главните социјални мрежи што го кршат јазикот и раката на карикатуристи. Насловот на цртежот е „Нови цензури… Нови диктатури“.

Новиот број вклучува и изјави од семејствата на убиените новинари, кои се заблагодаруваат на весникот за продолжување на борбата за слобода на изразување.

На 7 јануари 2015 година, браќата Шериф и Саид Куаши упаднаа во редакцијата на сатиричниот весник во Париз и убија 12 познати новинари и карикатуристи, извикувајќи дека го одмаздиле пророкот Мухамед.

Редакцијата на весникот оттогаш е преместена на непозната локација која наликува на, како што велат новинарите, бункер со вооружено обезбедување и решетки на прозорците.

Ден по нападот, Амеди Кулибали уби полициски службеник во предградието на Париз, а на 9 јануари уби четворица мажи што ги зеде како заложници во еврејската продавница во Париз.

Бран невидени џихадистички напади почна во Франција на 7 јануари 2015 година, при што загинаа 241 лице.

Десет месеци по нападот во јануари, уште еден, уште поголем терористички напад се случи во Париз на 13 ноември, при што загинаа 130, а беа повредени повеќе од 350 луѓе.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Чек дис аут

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Read more

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе