Чарлс, човекот кој најдолго чекаше да стане крал

Новиот британски крал Чарлс најдолго во историјата на британската монархија чекаше да седне на тронот. Поради неговата вмешаност во одредени скандали републиканците веруваат дека ќе биде лош монах, додека неговите поддржувачи мислат дека поради долгото чекање ќе биде најдобро подготвениот владетел досега.

Тие веруваат дека со неговата мудрост, како и со заложбите за заштита на животната средина ќе успее да ја добие поддршката од јавноста.

Но, сето тоа е во сенка на неговата покојна сопруга принцезата Дајана, нивниот развод и трајното непријателство на дел од јавноста кон неговата втора сопруга Камила, војвотката од Корнвол.

„Ве обвинуваат дека сте контроверзни само затоа што се обидувате да привлечете внимание на работи кои нужно не се дел од конвенционалното гледиште“, изјави Чарлс во разговор за списанието GQ пред некоја година.

„Мојот проблем е во тоа што пронаоѓам премногу работи за кои е потребно да се заговара или бори за нив“, додаде тој.

Неговите поддржувачи сметаат дека тој е лесен плен бидејќи секој потег најчесто му е следен од медиуми кои не му се склони.

„Има многу клеветење, имам прочитано за него низа работи кои едноставно не се точни“, вели близок соработник на Чарлс.

Том Бовер, авторот на неавторизираната биографија Rebel Prince: The Power, Passion and Defiance of Prince Charles, го прикажа Чарлс како арогантен слабак кој ужива во луксуз и не поднесува критики. За да ја напише оваа книга, авторот разговарал со поранешни членови на персоналот на Чарлс, кои огорчени или незадоволни од нешто, дале отказ од работа. Сепак, сите извори се анонимни.

Бовер разговарал со 120 луѓе кои стилот и начинот на живот на Чарлс го нарекуваат „хиперлуксузен“.

Чарлс го отфрли сите овие тврдења и истите ги негира. По непишано правило во британскиот устав, монархот мора да биде аполитичен. Но, Чарлс мисли дека не мора да е така.

Сепак, темата која најмногу е присутна во јавноста и понатаму е разводот од Дајана, нејзината смрт во сообраќајка и неговиот втор брак со Камила. Многумина токму неа ја обвинуваат за распадот на првиот брак.

Тагови
реклама

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе